Девојче 10 дена барало помош во густа амазонска шума: Инсекти ѝ влегувале во раните, јадела само бомбони
Прочитајте ја неверојатната приказна за Џулијан Кепке за преживување по падот на авионот, но таа не е единствена. Југословенката Весна Вуловиќ, влегла дури и во Гинисовата книга на рекорди поради падот од 10.050 метри.
На Бадник 1971 година, авионот на перуанската авиокомпанија „Lineas Aereas“ го започнал своето полетување од аеродромот во главниот град на државата Лима. Во авионот имало 92 лица - шест членови на екипажот и 86 патници.
Атмосферата во авионот била напната уште на самиот почеток. Летото LANSA 508 доцнел седум часа. Сите попрво би сакале да седнат на трпезата за Бадник, па нервозата растела. Во меѓувреме, силна бура се приближувала до Перу, а полетувањето повторно било значително одложено.
Помеѓу другите, во авионот бил и познатиот орнитолог Марија Кепке, заедно со нејзината 17 - годишна ќерка Џулијан. Двете знаеле дека линиите на LANSA немаат добра репутација. Од почетокот на нивното постоење, два авиони им се изгубиле во катастрофи. Згора на тоа, тие биле познати по нивните доцнења и големи недостатоци. Мајката и ќерката сепак многу сакале да ги поминат празниците со нивниот сопруг и татко, кој ги чекал во Пукалпа. Летото требало да трае помалку од еден час, Џулијан ја стегала раката на нејзината мајка и длабоко во себе ѝ било драго што ќе се најде во прегратките на татко ѝ.
Авионот полетал нешто по 12 часот по локално време. Во меѓувреме над Лима поминувало невреме. Од првите минути пилотот имал сериозни проблеми со контролата на леталото. Атмосферата во авионот станувала сè понервозна. Одвреме - навреме паѓал во турбуленции.
Трагичен лет
По помалку од половина час по полетувањето, авионот ја прелетал северозападната џунгла на Амазон. Паднал во црни облаци во близина на реката Укалија. Околу машината се појавиле бројни удари од гром. Пилото ја изгубил контролата над авионот. Куферите паѓале од полиците над главите на патниците. Паниката започнала.
Одеднаш во авионот удрил гром. Машината се распаднала на парчиња и паднала од височина од повеќе од три километри среде амазонската џунгла, поточно околу Пуерто Инка.
Џулијан до последниот момент ја држела мајка си за рака. Марија вреснала: „Готово е“ и ја пуштила раката на нејзината ќерка. Џулијан, врзана паднала со главата надоле заедно со останатите три седишта.
17 - годишната Џулијан Кепке е единствената која ја преживеала оваа катастрофа. Но, нејзината застрашувачка приказна не се завршува тука.
10 дена во џунгла
Џулијан се разбудила дури следниот ден. Била преплашена, но по некое време видела дека и е повредена само раката. Кога се разбудила, погледнала наоколу и видела парчиња од авионот и човечки безживотни тела околу себе. Околу неа лежеле телата на патниците, некои од нив сè уште биле врзани за седиштата.
Спасувачките служби долго време не можеле да го пронајдат местото на несреќата. Џулијан морала да се справи со себе. Облечена во бел фустан и со еден чевел тргнала да бара помош.
Била сама, но за среќа поради тоа што со години живеела во џунгла со родителите, знаела што да прави. Првата одлука која ја донела е да побара река. Од нејзиниот татко научила дека во критични моменти во џунгла најбезбедно е во река. Девојката пронашла едно пакување бомбони кои ѝ биле единствената храна. Влегла во реката и почнала да се движи во по водата, надевајќи се дека ќе наиде на некое населено место.
Жената која го преживеала падот на авионот
„Видов крокодили на брегот на реката, но бев смирена. Благодарение на лекциите на татко ми, знаев дека тие не напаѓаат луѓе“ - кажа Џулијан неколку години по несреќата.
На крајот, таа одела по реката десет дена. Неколку години по среќата даде интервју за Си-Ен-Ен, во кое кажа:
„На четвртиот ден го слушнав звукот на слетување на кралскиот мршојадец. Се исплашив бидејќи знаев дека овие птици слетуваат само кога има многу свежо месо за јадење. Сигурно ги почувствувале телата на жртвите од несреќата. Кога влегов во реката, најдов и три седишта со телата на жртвите. Ударот бил толку силен што главите на овие луѓе удриле во земја. Паниката ме парализираше. Мислев дека еден од тие тела е телото на мајка ми. Допрев едно тело со мојот стап. На таа личност ѝ беа направени ноктите. Се смирив, бидејќи мајка ми никогаш не ги лакираше ноктите. Веднаш ми олесна, но потоа се засрамив од помислата.“
По десет дена деовјката успеала да стигне до првото населено место. Таму им објаснила како ја преживеала несреќата. Ја нахраниле, ѝ била укажана помош и ја однеле во болница. За време на ова десетдневно патување, во нејзината отворена рана влегле инсекти. Неколку години подоцна Џулијан откри дека во неа имало над 50 инсекти.
Жената која била единствениот преживеан патник во авионската несреќа и денес е жива. Живее во Минхен и работи во библиотеката на Државниот музеј. Преживеала, но смета дека тоа било лоша среќа.
Подедкаво драматични настани се случиле уште неколку пати во историјата. Од 1936 година - кога 17-годишната Линда Мекдоналд ја преживеала несреќата на Скајваис - се проценува дека 70 луѓе го прежевеале падот на авионот до 2020 година.
Една од најтрогателните приказни е онаа во која главен лик е стјуардесата Весна Вуловиќ. Овој настан се случил една година по катастрофата во која преживеала Џулијан.
Вуловиќ работела за време на летот на југословенскиот ЈАТ JU 367. Авионот кој летал од Стокхолм до Белград, бил застрелан од борбен пилот на чехословачките вооружени сили. Машината експлодирала во воздух и паднала од височина од 10 километри. Се испоставило дека Весна го преживеала падот.
фото: Shutterstock