Девојче го насмеа цел свет: Урнебесна реакција откако ѝ кажале дека ќе мора да завршува домашните обврски (ВИДЕО)
Орла Мекевити, од Ерскин, Шкотска, ја гледала својата мајка Кетрин Стафорд-Гримли како ја чисти куќата и се прашувала зошто го прави тоа.
Кога мајката ѝ објаснила на својата ќерка дека возрасните мораат да работат по дома, девојчето почнало да плаче поради можноста дека еден ден ќе мора да ги завршува обврските како пазарување и миење садови.
Орла кажала дека не ѝ е драго што расте, бидејќи ќе мора да ги завршува сите тие досадни обврски.
„Тоа значи дека ќе морам да одам да пазарувам и дека ќе морам да мијам садови. Здодевно е, зарем не?“ - објасни девојчето на видеото кое го пренесе „Daily Mail“. Орла во видеото плаче и инсистира на тоа дека не е среќна поради тоа што расте, додека нејзината мајка Кетрин ја тешела.
Кетрин открила: „Орла ме гледаше како ги завршувам обврските по дома и ме праша зошто го правам тоа. Ѝ објаснив дека кога ќе пораснеш ќе мораш да го правиш тоа, па се испаничи и сфати дека и не е толку забавно да порасне. Се вознемири откако сфати дека растењето не е сè што треба да биде. Мислела дека ќе биде принцеза, а не домаќинка. Во себе се смеев што едно 5-годишно дете може да се грижи за такви работи“.
Кетрин, која е мајка на две деца вели дека Орла отсекогаш мразела да ги завршува домашните обрвски и кога дознала дека ќе мора да го прави тоа до крајот на животот, се заколна дека ќе најде начин да спречи да ѝ пораснат нозете, за никогаш да не стане возрасна.
„Орла е толку драматично дете, што преувеличува многу работи во животот. Пред некој ден се чувстуваше како да умира, бидејќи ја замолив да ја исчисти својата соба. Следниот пат падна и кажа дека повеќе никогаш нема да ги користи нозете. Ѝ кажав дека сите мораме да пораснеме и дека тоа е дел од животот, а таа ме праша зошто морала да се роди, повторно многу драматично. На крајот ја смирив и ѝ кажав дека да се биде возрасна личност може да биде многу забавно“ - кажа мајката на ова девојче кое го насмеа светот.
фото: Принтскрин / ТикТок