Девојче има само 8 месеци: Мила е на суд поради долг од 13.000 евра

Девојче има само 8 месеци: Мила е на суд поради долг од 13.000 евра

Објавена во: Совети // Семејство

Неверојатното судење се одвива во Окружниот суд во германскиот град Zwickau. Поради 13.000 евра долг кој го наследила од својот дедо, се суди на малата Мила која има само 8 месеци.

Доколку судот така одреди, бебето Мила ќе треба да „врати“ 13.000 евра долг, да го плати договорот за мобилен и претплатата за спортскиот канал Sky, пишува RTL.de.

Целиот случај започнал во септември 2018 година, кога починал дедото на Мила, Ronny A, кој додека живеел ги собирал долговите.

Пред смртта доверителите од него побарале 13.000 евра.

Кога починал, 19 годишната Sophie Reinhold била шест месеци бремена со Мила. Таа и нејзиното тогашно момче, таткото на девојчето, одбиле да ги платат долговите, бидејќи немале доволни примања.

Но, кога се родила Мила следел шок. Бебето добило повик за на суд.

Мила е законски наследник на долговите на својот дедо, па неговите доверители сега на суд од неа бараат пари.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: