Девојче спиело полни 9 години - заспало на 11, а се разбудило на 22 години: По будењето следувал вистински шок
Таа била вистинска заспана убавица...
Случајот со Елен Садлер, една сосема обична девојка која еден ден заспала и не се разбудила 9 години и ден денес ги фасцинира луѓето.
Елен е родена на 15 мај во 1859 година во големо семејство од 12 деца. Таа била десетто дете, а нејзиното семејство живеело во мало британско село кое се наоѓа помеѓу Оксфорд и Бакингемшир, попознато како Турвил. Така таа станала „заспаното девојче од Турвил“.
Нејзиниот татко Вилијам Садлер бил фармер. Починал во несреќа кога Елен била мала. Нејзината мајка Ен Садлер се омажила повторно за Томас Фревен, работник во фабрика, кој кон нејзините деца се однесувал како кон свои и генерално - семејството живеело среќно и сосема обично.
Елен била здраво дете и никогаш не покажувала никакви здравствени проблеми. А, потоа на 29 март 1871 година, кога имала 11 години, си легнала со останатите браќа и сестри, како и секоја друга вечер. Единствена разлика била тоа што следното утро не се разбудила!
Браќата, сестрите, мајката и очувот ја дрмале, туркале, ѝ викале, но Елен и понатаму била заспана. На почетокот сите мислеле дека умрела, но девојчето имало пулс и било топло. Локалните доктори ја анализирале нејзината ситуација, но вакво нешто никој до тогаш не видел. Не можеле да кажат што ја предизвикало оваа длабока состојба на хибернација.
Експерти од целата земја дошле да ја прегледаат Елен, но никој од нив ниту видел ниту слушнал за нешто слично. А, девојчето и понатаму спиело.
Кога приказната се прочула, луѓето доаѓале во домот на Елен за да донираат пари за да му помогнат на семејството во лекувањето. Проблемот бил во тоа што изгледало како да не е потребно лекување! Некои од луѓето кои го посетиле семејството дури инсистирале да се обидат да го разбудат девојчето. Доаѓале со различни видови на аларми, часовници и разни нешта, но ништо од тоа не профункционирало.
Тајм подоцна истата година објавил вест за случајот на Елен во кој напишале: „Еден од најневеројатните, необјаснивите физиолозки феномени кој некогаш се случил“.
ТОа е она што Елен ја направило популарна, привлекувајќи луѓе и до странство кои доаѓале да го видат заспаното девојче. Освен што донирале пари за неа, почнале и да плаќаат значителни суми за мали прамени од нејзината коса. Бидејќи семејството било големо, а приходите мали, родителите прифатиле некои од барањата и наскоро се прочуло дека прилично се збогатиле.
Тоа довело до федерална истрага, бидејќи локалната полиција мислела дека заработуваат на сиротото девојче. Од друга страна, родителите напоменале дека никогаш и на никој не му барале бари и дека луѓето донирале по сопствена волја.
Сите се прашувале како девојчето е уште живо, откако со месеци не јадело и не пиело ништо? Така мајка ѝ ја хранела со каша, млеко и вино со шеќер од мал чајник. По една година, вилицата на девојчето се заклучила и мајката почнала да ја храни низ малата празнина, каде всушност ѝ недостасувал заб на Елен.
За жал, во 1880 година, мајката на Елен починала од изненаден срцев удар. На основа на она што докторите го констатирале, постојаниот стрес и психички проблеми предизвикани од состојбата на ќерката за која изгледала дека никогаш нема да се завршиле ѝ предизвикале преголема анксиозност, а потоа и срцев удар.
Само 5 месеци по смртта на мајка ѝ, Елен се разбудила по 9 долги години сон. Заспала на 11, а се разбудила на 22 години! Необјасниво е тоа што како што заспала, така и се разбудила во новогодишната ноќ во 1880 година. Следниот ден, на 1 јануари 1881 година, весниците полуделе! Целиот свет дознал - иако сите изгубиле надеж, заспаната девојка од Турвил се разбудила!
Опкружена со браќата и сестрите кои едвај ги препознала, Елен ја добила тажната вест дека родителите ѝ починале. Очекувано, Елен била во шок! Раскажала дека ништо не сонувала или барем дека не се сеќава. Заспала како девојче, а се разбудила како девојка. Ѝ било потребно време за да сфати што сѐ се случувало и да ги обработи тие информации.
Ментално, Елена уште имала 11 години. Немала можност да се здобие со било какво образование или воопшто знаење низ животно искуство. Нејзината тетка Грејс, била онаа која се согласила да се грижи за девојчето и да ја научи за светот во кој треба да живее и тоа брзо.
Поголемиот дел од парите собрани за време на нејзиното спиење биле потрошени, што значи дека Елен морала да заработува за живот и покрај сето тоа што ѝ се случио. Правела ѓердани од мониста. Неколку години подоцна се омажила за фармерот Рединг и родила 6 деца.
Како што поминувале времето, интересот за Елен почнал да се намалува и таа се изгубила од јавната сцена. Познато е дека починала во 1901 година, но како ѝ изгледал живот и дали пред крајот имала некои здравствени проблеми не е познато.
Од што всушност боледувала Елен?
Откако се разбудила во 1880 година, д-р Гелнеу почнал да ја следи медицинската состојба која Елен ја довела до длабок сон. Некролепсијата или „болест на спиење“ првпат била дефинирана во 1880 година.
Оваа ретка состојба на мозокот може да доведе до тоа личноста изненадно да заспие на подолг временски период. Нарколепсијата е предизвикана од недостаток на орексин, кој е хемиски хипокретин во мозкот што ни помага да се разбудиме и да останеме будни во текот на денот.
Иако нарколепсијата не предизвикува долгорочни здравствени проблеми, може да предизвика долготрајни ментални проблеми кај оние кои губат голем дел од животот спиејќи, како што бил случајот со Елен Сендлер. Лекарите ја разгледале и можноста дека прераната смрт на Елен била предизвикана од депресија поради загубата на голем дел од младост.
До денес не е познато што точно ги буди пациентите кои боледуваат од нарколепсија, ниту пак има лек за тоа. Најголем дел од информациите во оваа статија се преземени од книгата „Застапаната убавица од Турвил“, напишана од Роналд Кон Џеси Расел, пишува порталот „History of Yesterday“.
фото: Принтскрин / Profimedia