Девојче за првпат го видело својот татко без брада: Нејзината реакција е најслаткото нешто што ќе го видите денес
Кога некои татковци имаат обичај да ја пуштаат брада, децата на таа појава се сосема навикнати, дури и уживаат во бакнежите и чешкањето, како и играњето со брадата. Кога таткото од некоја причина ќе се појави без ниту едно влакно на лицето, некои деца плачат и врескаат, додека други збунето гледаат.
Едно девојче на пресладок начин реагираше кога својот татко за првпат го виде избричен. Ели најпрво му кажала на нејзиниот татко дека не ѝ се допаѓа неговата брада и го замолила да ја тргне. Таткото го направил тоа и ѝ го открил своето лице.
На почетокот била малку изненадена. „Еј, зошто ја тргна?“ - го прашала, а потоа се прашувала дали татко ѝ ја поместил брадата на задниот дел од главата. „Толку си блесав, татичко“ - му велела. „Го сакам твоето лице. Згоден си. Те сакам“.