Девојчето чија судбина го крена цел Балкан на нозе живееше во куќа од кал: Тијана сега има нов дом
Шестгодишната Тијана Рамани и нејзината мајка Марија Дојчиновиќ од селото Горна Коњица, кај Сурдулица, кои живееја во живееја во сосема нехумани услови, се преселија во нов дом благодарение на „Фондацијата Блиц“.
Тешката животна приказна на ова девојче, кое имаше само една желба - да не биде гладна, ја крена Србија на нозе, но и луѓето од другите балкански земји.
Помошта набрзо почна да пристигнува, па тие двете добија храна, облека, средства за хигиена, мебел и бела техника.
„Имам нов кревет, бања, ќебе, блузи, играчки, чизми, дојдете да ме видите“ - набројуваше Тијана додека ги внесуваше гостите во својот нов дом.
„Фондацијата Блиц“ и донесе уште многу подароци, но на малата Тијана вниманието најмногу и го привлекуваа плишаните играчки, кои ги редеше покрај себе, седејќи на прагот од својот нов дом.
Приземна куќа, во која има две соби, бања, кујна и ходник, нешто што за нив беше само сон. Живееја во просторија од кал, која прокиснуваше, немаа бања, а собата беше ладна и полна со дим од стариот шпорет.
„Сега имам што да јадам, имам многу месо, имам млеко и чоколадо и никогаш не сум гладна“ - раскажуваше малата Тијана, која заедно со нејзината мајка се привикнуваат на новиот дом.