(ФОТО) Помош и од Македонија: Отец Оливер Петровски замина кај малата Тијана
Изминативе 10 дена, цела Србија ја потресе приказната за 5 - годишната Тијана и нејзината Марија од село Горна Козница. Имено, овие две дами едвај успеваа да ги преживеат деновите. Единствен приход им се средствата кои ги добиваат од детскиот додаток и социјалната помош, а тие не се доволни за да се преживее еден месец.
По објавувањето на нивната приказна на нашиот портал, добивме многу пораки во кои македонски граѓани изразија желба да им помогнат. Сите тие под раководство на Отец Оливер Петровски од хуманитарната организација Св. Спас, собраа доволно помош која ќе биде доставена до Тијана и нејзината мајка.
„Отец Оливер Петровски и Игор Краљевски Бог да е со вас и лесен пат... се носат донации кај малата ТИјана и нејзината мајка Марија во село Горна Козница, Србија... сите кои донираа за ова мала принцезичка Бог да ве благослови“ - стоеше под фотографиите кои ги сподели нашата читателка.
Играчки, алишта, прибор, храна и уште многу работи потребни за секојдневна егзистенција ќе бидат доставени до оваа семејство, кое благодарение на хуманите луѓе ширум Балканот ќе успее да ја преживее зимата.
Ова е уште едне доказ дека сме навистина хумана нација и дека кога вистински е потребна помош, треба да се помогне.
И.М.