Девојчето кое ги обедини скараните браќа: Лилибет Дајана го прослави првиот роденден, Кејт Мидлтон воодушеви со својот гест (ФОТО)
Лилибет Дајана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл вчера го прослави својот прв роденден...
Преслаткото семејство по долго време пристигна во Лондон за да присуствува на прославата по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, а првите фотографии во рекорден рок ја заобиколија планетата.
Официјалната средба на кралицата и правнуката, тврди извор, се случила вчера во замокот Виндзор, актуелната резиденција на Елизабета и нејзиното омилено место на земјината топка.
Честитките до малата Лилибет пристигнуваа од целиот свет, а една честитка особено ги воодушеви сите.
„Ти посакуваме многу среќен роденден Лилибет, таа денес полни една година“ - стои на официјалниот Твитер профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Wishing a very happy birthday to Lilibet, turning one today!
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) June 4, 2022
фото: Принтскрин / Инстаграм