Девојчето родено со половина лице конечно може да се смее:„Луѓето ни велеа да ѝ ставиме маска“

Девојчето родено со половина лице конечно може да се смее:„Луѓето ни велеа да ѝ ставиме маска“

Објавена во: Совети // Семејство

Девојчето родено со половина лице сега може да се смее. Кога нејзината приказна излезе во јавност, започна собирање средства за операцијата.

Дарина Шпенглер е родена со сериозна генетска мутација поради која немала усни или брада, поради што ` било тешко да зборува и да се храни.

Нејзината мајка, Елена, ја напуштила работата за да се грижи за Дарина, а нејзиниот татко Јури се борел нивната ќерка да добие лекарска помош.

Откако се родила Дарина, ова семејство е третирано многу сурово, не само од странци, туку и од сопственото семејство, кое целосно го прекинало секој контакт со нив. Со нив останала само сестрата на Елена. 

Дарина не била примена во градинка бидејќи од таму им рекле дека другите деца ќе се плашат од неа. Нејзините родители ѝ купиле многу играчки, но како што вели нејзината мајка „Ништо не може да ги замени пријателите“.

Низ добро и лошо, родителите на Дарина останаа со неа и ја воспитуваа опкружена со љубов: „Не ја криеме од светот. Таа оди секаде со нас. И мојот сопруг Јури ја носи насекаде. Луѓето ни велеа да ѝ ставиме маска, а тој им одговори да не ја гледаат ако не сакаат, а дека ние ја прифаќаме таква каква што е“, вели Елена.

Фала му на Бога, работите се сменија на подобро. Откако приказната на Дарина излезе во јавност, беше отворена акција за собирање средства.

Беа собрани доволно пари за Дарина и Елена да отпатуваат во Англија на специјална операција (прва од многуте) за Дарина да добие лик што никогаш го немала. 

Откако ѝ беше направена операцијата Дарина среќно се врати во родната земја. Кога ја видел, татко ѝ, со голема прегратка, рекол: „Ти си убава“.

„Гледаш, научи да се смее“, извика Елена со солзи радосници во очите.

Дарина сега е во својата куќа, а семејството собира донации за нова операција со која Дарина треба да добие подобра горна вилица и усна.


Фото: Screenshoot- Video/Daily Mail

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: