Девојка доживеала непријатно искуство по кое започна дискустија: Кој би требало да ја плати сметката на првиот состанок? (ВИДЕО)

Девојка доживеала непријатно искуство по кое започна дискустија: Кој би требало да ја плати сметката на првиот состанок? (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Поради тоа што се понудил да ја плати вечерата, нејзиниот партнер за состанок мислел дека му должи нешто повеќе...

Девојка по име Талиса на својот профил на ТикТок сподели видео од првиот состанок кој завршил неславно, но и поради кој започна дискусија на споменатата социјална мрежа.

Талиса тајно го снимала својот партнер на тој состанок. Иако очигледно сакала да ја покрие својата половина од сметката, тој се понудил да ја плати целосната сума, на што девојката му се заблагодарила.

Но, тогаш ситуацијата драстично се променила, а „џентлменот“ кој се понудил да ја плати сметката, одеднаш го покажал своето вистинско лице. Имено, тој ѝ предложил на Талиса да ја испрати до нејзината хотелска соба, за што таа го одбила.

@talisa0913 Dating in 2022 be like… #sotransactional #firstdate ##epicfail##dating ##talisa0913##cityboys##nomanners original sound - Talisa0913

„Во ред, сфаќам. Маж ти ја плаќа вечерата. Ти само сакаш бесплатен оброк“ - ја обвини ова момче.

Талиса потоа го прекинала и му кажала дека не сака интимни односи на првиот состанок, само затоа што тој се понудил да ја плати вечерата.

„Немам проблем со плаќањето за да избегнам нешто вакво“ - кажала девојката, на што момчет одговорило дека сама треба да си го плати оброкот.

Многумина во коментари го осудија одвратното однесување на момчето, бидјеќи е очигледно дека тој смета дека Талиса му должи нешто повеќе, како благодарност за вечерата.

„Изгледа сакаше бесплатен десерт“ - напиша на шега една девојка, додека друга додаде дека може да биде среќна што го видела неговото вистинско лице на првиот состанок.

Но, тука се постави прашањето кој треба да плати на првиот состанок. Праведно е трошоците да се поделат, а една ТикТокерка дури објави видео на таа тема.

@amzdicko This is how to know if I like you on a date. Let it be known that this does not apply if I invite you on the date… I think whoever invites should pay. This relates exclusively to when I have been invited on the the date. What are your thoughts? #datinglife #lovelife #single #dating #datingadvice #datingstorytime #datinghack #datingetiquette original sound - Amy Dickinson  Travel&Comedy

Таа посочи дека на сите момци што ѝ се допаѓаат им дозволува да ги платат сметките на првиот состанок, за да биде должна и да се погрижи да стигне до вториот состанок каде што таа може да ја плати сметката.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: