Девојка истовремено повикала 16 момчиња на состонок: Нејзиното објаснување за овој потег стана вирално
Девојка организираше групен состанок со сите момци кои биле заинтересирани...
Едно момче се шокирало кога заминало на состанок со новата девојка и дознало дека таа повикала уште 15 други момчиња.
Момчето кое го сподели видео истакна дека по една година одлучило да оди на состанок со девојка, но не биле сами. Имено, девојката организирала групен состанок со сите момчиња кои биле заинтересирани.
Сето ова го споделил на ТикТок, па раскажа: „Инаку сум многу лош кога се состаноците во прашање, но конечно одлучив да одам на еден по една година и еве што се случи. Ова е нејзината пријателка, ова е момчето кое се појави пред мене. Тој е следниот. Ова е момчето број три и со него е девојката со која сите имаме состанок. Четвртото момче е позади и очекуваме уште“.
@peakay81 Thought I would re-upload this. This actually happened ##Dating ##Relationships ##Jokes
Lofi - Domknowz
Видеото кое го сподели на ТикТок ги насмеа луѓето поради искрнеоста и необичниот пристап на потенцијалните емотивни партнери.
Девојката која го организираше за сите овој многу чуден состанок, во еден момент им се обрати на присутните момчиња:
„Ве повикав сите кои ве запознав на апликацијата и сега сте сите тука. Се надевам дека добро ќе се согласувате“ - рече девојката, а многумина подоцна коментираа колку е ужасна оваа ситуација.