Девојка ја сподели својата најголема „makeup“ грешка од средно училиште: Сите сочувствуваат со неа, зошто го правеле истото
Зошто некогаш сме сметале дека ова изгледа добро?
Се надеваме дека оваа „makeup“ грешка не ја правиш, а доколку ја правиш, време е да престанеш, бидејќи ова никако не изгледа добро. Шминката може да ни помогне да изгледаме подобро, но погрешниот начин на нанесување ќе има спротивен ефект.
Маскарата е супер, само треба да ја пронајдеш онаа која ќе биде идеална за твоите трепки, бидејќи ги има различни кои даваат различни ефекти. Секоја девојка сака што подолги трепки, а во желбата да дојдеме до нив, некогаш малку претеруваме. Доколку првиот слој не ни го дал посакуваниот ефект, ставаме уште еден, па уште еден и потоа уште еден, за секој случај. Со текот на времето сфаќаме дека еден слој е доволен. Затоа веруваме дека и ти си имала фаза за која зборува оваа девојка. Нејзината се случувала во средно училиште и денес навистина се срами кога ќе види како ѝ изгледале трепките тогаш.
@jaycietye #greenscreen THE CLUMP OF LASHES JUST GONE TOO
original sound -
Како нозе од пајак. Апсолутно залепени, со грутки. Доколку си немала „makeup“ фаза во која трепките ти изгледале како на неа, тогаш си вистински професионалец, кога е шминкањето во прашање. Поголемиот број најверојатно сепак ќе се сетат на периодот кога трепките им изгледале вака.