Девојка на чуден начин дознала дека е изневерена: Се пуштила во потрага и открила буквално сѐ
Оваа девојка одлучила да ја сподели својата чудна приказна на ТикТок...
@xbaileyhunter на ТикТок на своите следбеници им откри една интересна, но и помалку чудна ситуација која ѝ се случило. Открила дека нејзиното момче ја изневерува и тоа се издал сам додека зборувал во сон. Имено, тој во сон го изговорил името и презимето на некоја непозната девојка што на неговата тогашна девојка ѝ било многу чудно, бидејќи не ја познавала. Одлучила да ја побара на социјалните мрежи и да видела дека таа жена е во брак и дека има деца. Бејли ѝ испратила поракаво која ѝ напишала дали во последно време зборувала со нејзиното момче, а жената ѝ одговорила дека таа е само негова луда поранешна девојка. Овде ситуацијата е малку заплеткана, а на неговата тогашна девојка ѝ било јасно дека овде очигледно станува збор за изневерување. Освен тоа, во видеото напоменува дека на жената ѝ кажала дека нејзиното сегашно момче живее во нејзината куќа, го вози нејзиниот автомобил и дека му ја плаќа сметката за мобилниот телефон. По ова сознание, Бејли одлучила да ги земе работите во свои раце и конечно го избркала момчето до дома и го обвинила за кражба на мобилниот со оглед на тоа што тој не сакал да ѝ го врати.
@xbaileyhunter Whether he cheated or just lied to me is irrelevant #cheater #stolephone #mooch #towcar #loser #exboyfriend #liar
original sound - xbaileyhunter
Коментарите на ова видео на ТикТок се со поддршка за оваа девојка и сите се чудат на некои работи во оваа цела ситуација. Се чудат на фактот како таа успеала да ја расчисти целата измама, додека тој ѝ го открил само името и презимето на таа личност во сонот и како ја изневерувал по сѐ што таа му дала во нивната врска: „Тој живеел во ТВОЈАТА куќа, го возел ТВОЈОТ автомобил, си му го плаќала телефонот и тој те изневерувал?!“ - гласи само еден од скоро 3.000 коментари.