Девојка се пожали на очувот: Ѝ ја фрлил облеката од плакарот, а секое утро ја буди во 5 поради бизарни причини
Откако се венчал со нејзината мајка, поранешниот војник не престанува да ѝ го загорчува животот...
Неименувана тинејџерка анонимно побарала совет на „Reddit“, а нејзината приказна предизвика многу реакции и коментари.
15-годишната девојка секогаш живеела сама со својата 36-годишна мајка, бидјеќи татко ѝ починал додека била уште бебе. Но, минатата година нејзината мајка се омажила и со доаѓањето на очувот во домаќинството сѐ се променило, а девојката на својот очув гледа како пример за токсичен родител.
Нејзиниот очув е поранешен војник и има малку поинаква визија за родителството.
„Ја увери мојата мајка дека сум разгалена, дека ми треба неговата строга дисциплина или дека никогаш нема да направам ништо од себе“ - објасни оваа девојка, жалејќи се дека нејзиниот дом некогаш бил топло место полно со љубов, а дека сега е како камп за обука.
Тинејџерката смета дека нема потреба за дополнителна дисциплина, бидејќи не е лошо дете. Кажува дека има добри оценки, пишува задачи и редовно учи, помага во домашните обврски, не пие, не се дрогира и не излегува.
Оно што посебно тешко ѝ паѓа е тоа што нејзиниот очув мисли дека е буцка и решил да ја натера да ослабне.
„Сега морам да станувам во 5 наутро за да трчам и вежбам во камп за обука и морам да одам на неделни проверки за телесната тежина“ - напиша оваа девојка и додаде дека нејзината мајка се согласува со одлуките на очувот.
Но, на забраните и дисциплината тука не е крајот. На ред дошол и нејзиниот стил на облекување. Очувот ѝ забранил да носи работи во светли бои и ги заменил со сиви и неутрални бои.
„Мојата мајка се сложи со тоа, бидејќи ја увери дека немам чувство што е прикладно, ако не растам со татко“ - вака ја опиша девојката апсурдната ситуација.
На прославата за Денот на свети Патрик сакала да носи зелена маица, како и сите нејзини врсници. Бидејќи ѝ било забрането да носи живописни бои, ја сокрила зелената маица која ја позајмила од пријателка.
Но, за жал нејзиниот очув ѝ ја нашол во ранецот, бидејќи постојано пребарувал по нејзините работи. Бил бесен и ја казнил еден месец.
„Мојата мајка се согласи со него и кажа дека е неверојатно разочарана од мене, бидејќи порано никогаш не сум прекршила некое правило, ниту сум глумела“ - кажа тинејџерката, додавајќи дека е разочарана од таквите глупави правила.
Девојката под исповедта добила многу коментари полни со поддршка.
„Контролата на твојот очув не е нормална, на ниту еден начин“, „Ова е злоставување. Ако не се чувствуваш удобно да разговараш со мајка ти за тоа како се чувствуваш, тогаш би требало да разговараш со советник на училиште или друга возрасна личност во својот живот, секако на која ѝ веруваш и прашај ја дали сака да ти помогне така што ќе поразговара со твојата мајка“ - гласат дел од коментарите.
Целата исповед на тинејџерката може да ја прочитате ТУКА.
фото: unsplash.com