Девојка собира милиони прегледи на видеата поради „домашниот миленик“: Сите истакнуваат дека го мачи
Естетски, видеата се прекрасни, но кога ќе се сетиш дека во нив е вистинско и живо животно, целата естетика паѓа во вода и сфаќаш дека ова е само тажно...
Ала станала популарна, бидејќи на својот ТикТок профил редовно објавува видеа во кои изгледа апсолутно прекрасно, додека се шета по снегот и на јаже го води својот „домашен миленик“. Она што особено влегува во око е животното кое го има. И никој не мисли дека е во ред тоа што му го прави.
Новата мета на „хејт“ на Интернет е Ала Брулетова, девојката која се прослави по тоа што за „домашен миленик“ има вистинска мечка. На никој не би му пречело ова доколку кон мечката се однесува како што треба, но во нејзините видеа е јасно дека тоа не е нормално, ниту пак природно однесување кон него. Го шета на јаже и танцува со него, и луѓето сево ова ги потсетува на животните од циркузите, кои знаат трикови, а на сите им е јасно како овие трикови се учат. Единствените коментари под видеото се оние во кои корисниците на ТикТок ѝ пишуваат дека тоа е тажно и дека треба да ја остави мечката на мир и да престане да ја искористува за лајкови. Никој не е позитивно воодушевен од ова.
@abruletova abcdefu - GAYLE
Колку и да е „кул“ да се има такво животно кое припитомено за со него да можеш да си играш и да се галиш, луѓето се плашат дека позадината на тоа не е толку убава. Ала никогаш не открила од каде ѝ е мечката и дали навистина ѝ е домашен миленик. Видеата кои ги објавува на прв поглед се „вау“, но на втор се претажни.
@abruletova K Flays High Enough ozuedits - carlos
@abruletova My new friend
оригинальный звук - а3
Ала, инаку се занимава со моделинг и многумина се надеваат дека видеата со мечката се дел од некоја кампања или снимање и дека ова не е нешто што вообичаено го прави.