Девојка за малку ќе била исфрлена од авион: Стјуардесата ја нападнала поради непримерниот избор на облека
Непријатната ситуација девојката ја сподели на својот ТикТок профил...
На една девојка ѝ се случил инцидент во авион додека патувала - стјуардесата ѝ се заканила дека ќе ја исфрли од летот поради нејзината, наводно, непримерна облека. Девојката, својата исповед веднаш ја споделила со пријателите на ТикТок и на тоа видео собрала повеќе од 2 милиони лајкови! На видеото се гледа дека девојката е вознемирена, бидејќи плаче поради заканите од страна на стјуардесата.
Уште еден инцидент стана вирален на ТикТок и повторно поради непримерно облекување. Имено, една девојка сними видео на кое е видно вознемирена, бидејќи стјуардесата во авионот ѝ се заканила дека ќе ја исфрли од летот поради нејзината непримерна модна комбинација. Девојката на видеото плаче, а во описот има напишано: „Никогаш не сум се чувствувала толку понижено, засрамено, луто и тажно.“
@sierrasteadman ive never felt more degraded, ashamed, embarrassed, angry or sad. F ALASKA AIRLINES!!!!!!! #fyp
yeastie girlz x tv girl -
Станува збор за авиокомпанијата Алјаска, а во другото видео ја објасни целата ситуација: „Кога влегов во авионот, веднаш ме запреа уште пред да седнам и ми кажаа да си ја закопчам јакната. Одмавнав со главата и почнав да ја закопчувам јакната, а потоа тргнав кон своето седиште“ - кажа девојката. Но, потоа следувал вистинскиот инцидент: „Потоа одлучи да ме фати за рака и да ме повлече назад, за потоа да почне да ми вика пред сите. Тоа всушност беше главниот пробллем. Јас немав проблем со тоа што ме замоли да ја закопчам јакната. Мислам дека немаше ништо лошо во тоа што го носев на себе, но сакаше да ја закопчам и го направив тоа. Но, работите кои се случија потоа, особено кога ме зграби... Тоа не е во ред“ - објасни девојката. Девојката на себе имала црн кроп топ, кратки бели панталони со висок струк и врз тоа оверсајз сива јакна која го прекривала поголемиот дел од нејзиното тело.
@sierrasteadman Reply to @emma.el15 #greenscreen
romanticize that jealousy jealousy life - cynthia
Ваквите инциденти околу непримерното облекување се сѐ почести, а девојките често ги споделуваат на своите социјални мрежи. Коментарите на тие видеа секогаш се на страна на девојките кои се прозвани поради своите модни комбинации.