Девојката која го освои Балканот отпеа песни од македонски пејачки: Едната од нив е младата Лина
Џејла Рамовиќ, девојката која минатата година го освои Балканот и победи на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ полека, но сигурно ги искачува скалите на популарноста. Таа неодамна имаше „лајв“ концерт кој се емитуваше на музичката апликација „YouBox“, на кој освен што ја почести публиката со своите песни, отпеа и неколку песни од други познати пејачки и пејачи од Балканот.
Од Марија Шерифовиќ, па се до Гоца Тржан, младата пејачка отстапи простор и за песни од две македонски пејачки. Станува збор за Тамара Тодевска и младата Лина Пејовска.
Од песните на Тамара, Џејла ја одбра „1003“, песна која е навистина актуелна кај нашите соседи и често се пее на музичките натпреварувања.
Но, најголемо изнедување беше тоа што пејачката ја отпеа „Нека те боли“ од младата Лина, која ја пофали изведбата на Џејла и ја сподели на „стори“ на својот Инстаграм профил.