Девојката нарачува пица со имитација на познатата пејачка: Сега доби одговор и од светската ѕвезда

Девојката нарачува пица со имитација на познатата пејачка: Сега доби одговор и од светската ѕвезда

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нејзиното видео на кое нарачува пица има милиони прегледи...

Една девојка на ТикТок сними видео како нарачува пица, но со гласот на Шакира и целата нарачка ја пее. Видеото веќе има повеќе од 3 милиони лајкови и повеќе од 25 милиони прегледи, а многу брзо по него и самата Шакира изреагира на оваа интересна имитација.

Девојката чие корисничко име на ТикТок е @tiktokbrownchick, објави видео во кое нарачува пица преку телефон, но со гласот на светски познатата пејачка Шакира. Целата нарачка ја направи со имитација, па така отпеа сѐ што сакаше да нарача и на тој начин воодушеви милиони корисници на ТикТок, бидејќи очигледно е дека оваа девојка има неверојатни вокални способности. Но, освен големото воодушевување околу нејзините идеи и глас, следуваше уште еден шок, откако нејзиното видео за кратко време стана вирално.

@tiktokbrownchick

okay but he took it well ##rap  ##sing  ##fyp  ##prank

original sound - Shuba

Тој шок беше токму Шакира, која се огласи на видеото на оваа девојка. Имено, Шакира направи дует со видеото на девојката во кое реагира на нејзината имитација додека нарачува пица и тоа видео го сподели на својот ТикТок профил. Малку е да се каже дека обожавателите останаа воодушевени, што се гледа и по нивните коменетари, а се огласи и девојката која ја имитираше познатата пејачка: „Изгледа дека соништата сепак се остваруваат. Те сакам Шакира, ќе запееме заедно еден ден и фала ти што си таква каква што си“.

@shakira

##duet with @tiktokbrownchick Hello Shuba, can I take your order please?

original sound - Shuba

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: