Девојки, ќе го сакате уште повеќе: Како Хари Стајлс ги освојува срцата на децата на својата девојка?

Девојки, ќе го сакате уште повеќе: Како Хари Стајлс ги освојува срцата на децата на својата девојка?

Објавена во: Совети // Семејство

Одамна веќе не е тајна дека актерката Оливија Вајлд (37) е во врска со музичката ѕвезда Хари Стајлс (27), а бидејќи дека двојката одлично ја сокрива од медиумите нивната љубов не се знаат многу детали. Меѓутоа, сега е откриено дека младиот пејач дава сè себе за да го засакаат нејзините деца и тоа му успева!

Поранешниот член на групата One Direction, Хари Стајлс има многу таленти - пее, свири, компонира, глуми, танцува, а судејќи по магазинот „Вог“, кој минатата година го прогласи за најубаво облечен маж на планетата знае и убаво да се облече. Сега е октриено дека е успешен во уште нешто - забавување на деца.

Пејачот наводно воспостал одличен однос со децата на својата нова девојка и позната холивудска актерка и режисерка Оливија Вајлд, малите Отис (7) и Дејзи (5), кои таа ги доби во текот на врската со актерот Џејсон Судејкис.

„Тој и самиот е големо дете. Поминува часови играјќи си со децата на Оливија и забавувајќи ги. Ужива да ги носи во парк, да игра криенка со нив, на плажа да прават замоци од песок“ - кажа за „Life & Style“, извор близок до пејачот.

Медиумите неодамна пишуваа и дека Оливија семејно со семејството била на настап на своето момче во Сан Диего, со Отис и Дејзи и со својата мајак Ен Твист, а некои од присутните за медиумите велат дека сите танцувале, пееле и одлично се забавувале.

Оливија Вајлд и Хари Стајлс се гледаат откако во 2020 година се запознаа на снимањето на филмот „Don't Worry Darling“, зад чија режија се потпишува Оливија, а во кој Хари ја има главната улога. Првпат како двојка во јавноста се појавија во јануари, а набрзо потоа медиумите беа преплавени од нивни заеднички фотографии.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: