Девојките полудеа по нив: Три есенски комбинации на Анастасија Ражнатовиќ на кои сите се воодушевуваат
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ е моден пример за многу девојки и жени и со секоја нова фотографија на Инстаграм ги воодушевува обожавателите со модните идеи.
Со доаѓањето на есента, Анастасија се одлучи за неколку интересни комбинации, а ние ви ги одбравме трите највпечатливи. Уверете се и сами како Анастасија ги следи есенските модни трендови.
Во септември пејачката се определи за елегантен костим од брокат. Во прашање е скапоцен материјал, со релјефен дезен. Струкираното сако, со интересни ревери, Анастасија го искомбинира со коњско опавче и дискретна шминка.
Пред три недели носеше интересна комбинација во која доминираа портокаловите и бакарни тонови. Маицата со карнери ја искомбинира со фармерки со широки ногавици, а за да додаде уште драма во комбинацијата, се определи за високи потпетици и чанта со светки. Косата ѝ беше пуштена и дива во благи бранови. Ланчињата околу вратот и златната нараквица одлично ги спои со остатокот од облеката.
Пред неколку дена, Анастасија се упати на прослава и за таа прилика облече мини бордо здолниште, во кое вовлече широка кошула. „Плик“ чантата во вино боја и црвениот кармин се уште два есенски тонови, кои покрај бордото, модните дизајнери ги истакнуваат како класика во есенската мода.