Девојките поради неа се откажуваат од русата коса: Нијансата на која ниту Лени Клум не одолеа ќе биде главен хит во 2022 година
Ќерката на познатата Хајди Клум и сѐ популарната манекенка се одлучи за драстична промена и се поздрави со русата коса. Изборот падна на бојата за која се прогнозира дека ќе биде многу популарна оваа година.
Првото дете на германската манекенка Хајди Клум, кое го доби со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторео и кое подоцна го посвои нејзиниот (сега веќе поранешен) сопруг Сил, оди по стапките на својата мајка.
Преубавата Лени Клум одамна го привлече вниманието на модната индустрија, а со моделингот почна да се занимава од 16 години. Иако е многу млада, Лени зад себе веќе има насловна страница на „Вог“ и соработки со многу познати брендови, па поради тоа и секој нејзин чекор внимателно се следи. Сега се определи за важна промена во изгледот, а ќе видиме како тоа ќе влијае на нејзината кариера. Имено, Лени повеќе не е русокоса.
Русата коса, која е заштитен знак на нејзината мајка, стана минато за Лени, која се одлучи за боја на костен.
Во прашање е нијанса која во текот на 2022 година ќе доминира, велат експертите. Сигурно ќе има повеќе бринети, а бојата на костен бидејќи е многу топла, одговара на секоја модна комбинација.