Девојките во кабините за пресоблекување: 9 работи кои секогаш ги прават кога пробуваат облека
Кои од овие работи ги правиш и ти?
Кога ќе земеш парчиња облека за да ги пробаш во кабините за пресоблекување постојат два начини на кои може да се помине - или ќе бидеш воодушевена и ќе им испратиш фотографии на пријателките или брзо ќе ја соблечеш таа облека од тебе, бидејќи изгледа прелошо.
Кабините за пресоблекување и редовите кои знаат да бидат пред нив понекогаш може да не извадат од кожа и наместо прво да ја пробаме облека, ние ја купуваме „на слепо“. Во оние ситуации кога сепак ќе стигнеме до кабините за пресоблекување, во нив остануваме со часови, барем така им изгледа на оние кои чекаат зад нас. Но, тоа е така со секоја девојка. Ретки се оние кои ќе излеза за само неколку минути, особено кога има попусти и кога со нас зимаме многу облека. Не ни чудно што ни треба толку многу време за да го направиме сето тоа...
# Иако знаеме дека сме земале помали панталони, се обидуваме да влеземе во нив.
# Потоа заглавуваме во нив и мора да повикаме некој да дојде да ни помогне за да ги соблечеме.
# Неколку минути поминуваме и добро се гледаме во огледало и си ги наоѓаме сите маани.
# Се фотографираме во чудни пози и фотките ги испраќање на други за да видиме што мислат.
# Се обидуваме да сфатиме каде да ги ставиме работите, бидејќи има само три закачалки и еден стол.
# Позираме пред огледало како да сме топ модел.
# Потоа одеднаш ќе ни текне дека некаде сме прочитале дека во кабините може да има камери, па параноично гледаме околу себе.
# Го испраќаме момчето на другиот дел од продавницата за да ни донесе друго бројче од фустанот.
# Пробуваме 10 работи, а на крајот само една ни стои како што треба.