Дијаматни блеснаа на раката на Јелена Ѓоковиќ: Часовник вреден речиси 50 илјади евра, мами воздишки
Часовникот на
рачниот зглоб честопати е симбол на престиж, а Јелена Ѓоковиќ, сопругата на
најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, очигледно тоа многу добро го знае. Овој
женски модел од кој го носи Јелена има 32 дијаманти, а цената е 47 илјади евра.
И колку и ова да изгледа неверојатно, сепак семејството Ѓоковиќ и тоа како може да си дозволи да се почести со овие “мали“ луксузи.
Да потсетиме дека Јелена Ѓоковиќ и Новак Ѓоковиќ се запознале во 2005 година преку заеднички пријатели, додека Ноле се уште не бил глобално популарен. Двајцата се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.
Инаку, Јелена неодамна проговори за тоа на што се жали Новак кога станува збор за воспитувањето на децата.
- Мојот син сака да наложува лего коцки и да слуша музика, додека со татко му сака да игра тенис и да гледа натпревари, кои можеби не и се омилени на мама. Сакам да танцувам со ќерка ми, таа сака да се шминка, додека јас не. Но, морам да ја почитувам нејзината слобода на изразување преку тој вид уметност. Имав ситуација со сопругот каде што критикуваше зошто не и забранувам да се шминка, тврдејќи дека е уште млада и дека ја учиме на погрешни работи. На тоа и одговорив дека тоа го сака и дека не можам да и забранам, туку само да и помогнам да го направи тоа подобро – изјави пред неколку дена сопругата на Новак за хрватските медиуми.
Фото:youtube/screenshot