Дикси Ди Амелио мета на обвинувања: Го поддржува Доналд Трамп?
2021 година немаше најсјаен почеток ТикТок ѕведата , Дикси Ди Амелио. Откако беше мета на обвинувањата поради новогодишните забави, Дикси го деактивираше својот профил на Твитер во првите денови од новата година и доби уште повеќе критики. Имено, проблемот е во тоа што Дикси го напушти Твитер во исто време кога на Доналд Трамп, претседателот на Соединетите држави му беше забранет пристап до Твитер.
Дикси објави дека ја напушта апликацијата со твит „Збогум Твитер, беше забавно додека траеше“, по кој обожавателите нагло заклучија дека ја напушта апликацијата поради забраната на Доналд Трамп.
Самата Дикси веднаш одговори на обвинувањата и на Твитер објави: „Ова е една од причините зошто го напуштам Твитер... жал ми е за мојот лошиот тајминг“.
INSTANT REGRET: Dixie D’Amelio posts saying she’s leaving Twitter. Apologizes for “disgusting timing.” Fans assume she’s leaving because Trump got banned. Dixie responds “like no wtf” pic.twitter.com/v70mTrEyvR
— Def Noodles (@defnoodles) January 9, 2021
Како што пренесува „Cosmopolitan“, сестрите Ди Амелио не се странци, кога е во прашање омразата преку Интернет. Самата Дикси, минатиот месец беше принудена да избрише тизерот за нејзината песна „One Whole Day“, откако доби голем број критики.
Се чини дека не е лесно да се биде славен, особено не кога сте екстремно млади. Помладата сестра на Дикси, Чарли, се соочува огромна количина омраза на нејзините социјални мрежи секој ден. Се чини дека луѓето забораваат дека таа има само 16 години, па затоа не сме изненадени од одлуката на нејзината сестра да оттргне барем мала количина од таа омраза од нејзиниот живот.
Покрај контроверзноста, семејството Ди Амелио наскоро ќе добие и свое реално шоу. Како што се наведува, нивното шоу наречено „The D'Amelio Show“, а истото се базира на сличен концепт како „Keeping Up With The Kardashians“, а на нас ни преостанува само да претпоставиме колку ќе биде успешно нивното шоу.