Дикси Ди Амелио за гласините дека не го сака своето момче: Не знате вие ништо
Дикси Ди Амелио е во врска со ТикТок ѕвездата Ноа Бек веќе неколку месеци, но изгледа не е се така бајковито. Обожавателите се поделени кога е во прашање нивната врска, па додека некои се уверени дека сè е во ред, некои сметаат дека Дикси не е толку луда по него како што изгледа.
Еден обожавател остави коментар: „Жал ми е за Ноа, бидејќи Дикси го третира како ср*ње, но тој очигледно ја сака, но не сум сигурна дека Дикси му ја возвраќа љубовта“. Мислејќи на новото јутјуб видео на Дикси во кое таа и Ноа поминуваат низ полиграфско тестирање, т.е. детектор за лаги. Како што наведува истиот обожавател, Дикси сето тоа го сфатила како шега, додека Ноа сериозно одговара на прашањата.
Самата Дикси се јави по повод овие обвинувања: „Го сакам Ноа со целото срце. Откако претходно ми беше скршено срцето пред целиот свет, тешко ми е да ја покажам љубовта пред камерите“, а потоа саркастично додаде: „драго ми е што дознавте сè за мојата врска преку едно Јутјуб видео.“
Овој наводен обожавател го деактивирал својот Твитер профил откако доби критики од другите обожаватели на Дикси.
Освен кон негативните коментари, Дикси се насочи и кон позитивните коментари, па еден обожавател напиша: „Имам чувство дека вие двајца еден ден ќе се венчате“, на што ТикТокерката одговори: „И јас имам такво чувство“.
Дека се заедно објавија во октомври оваа година. Ноа тогаш кажа дека Дикси е фантастична девојка и дека добро се забавуваат заедно: „Многу се радувам на иднината со неа“.