Дилемата е решена: Дали пуканките дебелеат или се корисни за слабеење?

Дилемата е решена: Дали пуканките дебелеат или се корисни за слабеење?

Објавена во: Мода // Moj стил

Постојат бројни дилеми на темата дали пуканките дебелеат или се всушност добри за нашето здравје...

Најомилените грицки за на кино или додека гледаме филм дома се секако пуканките. Иако можеш да купиш на секој чекор и сите знаат за нив, за пуканките луѓето скоро и не зборуваат ништо.

Сè почесто меѓусебно се прашуваме дали пуканките дебелеат и дали треба да се избегнуваат како чипс и другите грицки, за кои со сигурност знаеме дека не се баш добри пријатели на убавата линија.

Дали пуканките се здрави?

Пуканките содржат иста количина антиоксиданси, како и останатите житарки кои голем број на луѓе ги конзумираат за појадок и кои станаа задолжителен дел од првиот и најважен оброк во текот на денот.

Пуканките кои се прават во микробранова печка без масло и некако, но и оние кои се продаваат на улица или оние од кино, не се баш добар избор. Тие најчесто имаат премногу сол и се полни со масти.

Дали се калорични и дали пуканките дебелеат зависи само од начинот на кој се прават. Доколку како што кажавме не содржат голема количина на сол пуканките се неверојатно здрави.

Конкретно оние кои содржат голема количина на влакна се неверојатно корисни за човековиот организам. Покрај влакната, пуканките содржат и антиоксиданти кои вообичаено ги содржи пченката, а нивната способност да делуваат на телото се зголемува во процесот на загревање, односно во процесот на подготовка на пуканките.

Дали пуканките дебелеат?

Во случај да се подготвуваат на врел воздух и без масло, само малку посолени, ќе бидат идеални за линијата, сигурно нема да донесат вишок килограми, бидејќи калориската вредност на пуканките кои се подготвуваат вака е 380 калории на 100 грама.

Она што треба да се води сметка е дека калориската вредност на пуканките значително се зголемува дококлу на нив се стави некој додаток.

Пуканките кои се продаваат често се правени со масло, шеќер, засладувач, зајакнување на вкусот и аромата кои содржат многу масти и преголема количина на сол, која, како што веќе веројатно поголемиот број од вас знаат, е главниот виновник за задржување на вода во организмот. Повеќе вода, повеќе килограми и надуен изглед.

Заборавете на пуканките од продавница или на улица, зошто ако сме искрени ништо добро не постигнувате.

фото: SHUTERSTOCK

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: