DIY: Совршени ванила мафини, кои се топат во уста!
Доколку си љубител на благото и обожаваш мафини, пробај ги во оваа варијанта. Ќе се воодушевиш, а ќе ги израдуваш и најмилите.
Потребни состојки: 4 шољи брашно, 2 шољи шеќер, 2 лажички прашок за пециво, ¾ лажичка сол, 2 шољи млеко, 2 големи јајца, 1 лажичка екстрат од ванила и 8 лажици растопен путер.
Начин на подготовка: загрејте ја рерната на 200 степени, а тавчето за 24 мафини премачкајте го со масло. Во голем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта. Измешајте ги. Во друг сад изматете ги млекото, јајцата, путерот и млекото. Потоа оваа смеса истурете ја во сувите состојки и мешајте додека смесата не се соедини. Ставете ја смесата во калапите и печете 20 минути.
Мафините може да ги украсите со шлаг, мармалад, чоколаден сируп или слатка павлака. На здравје!