Дизни гордо го најави филмот „Малата сирена“ - уште не излегол, луѓето веќе го „хејтаат“ поради неколку работи (ВИДЕО)

Дизни гордо го најави филмот „Малата сирена“ - уште не излегол, луѓето веќе го „хејтаат“ поради неколку работи (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Новата „Мала сирена“ не им се допадна на луѓето, а трејлерот веќе собра над 13 милиони прегледи.

Во последниве години, Дизни почна да прави филмски верзии на своите цртани филмови, а ниеден досега не доби толку критики како „Малата сирена“. Тука мислењата се најмногу поделени.

„Малата сирена“ станува филм!
Дизни за свој следен проект го избра овој цртан филм кој од анимација ќе го претвори во вистински филм. Тие најавија и секако, сите сакаа да видат што доаѓа. За само неколку дена, над 13 милиони луѓе го погледнаа трејлерот! Иако секако има и такви кои се воодушевени, има многу кои мислат дека ова е неуспех. Од сите цртани кои ги претворија во филмови, овој е оној кој доби најмногу омраза, а се уште не е ни објавен.

99% од коментарите под трејлерот што го објавија се негативни и исмејувачки. Има неколку работи кои особено ги мачат луѓето и поради кои оваа нова верзија не им се допадна, но прво погледнете ја објавата.

Иако не се покажува премногу, можеме да ја видиме Ариел како пее, што главната актерка Хали Бејли го направи повеќе од совршено! Оние кои ја обожаваат „Малата сирена“ се разочарани од неколку работи. Многумина мислат дека филмот нема да биде добар затоа што веќе од трејлерот може да се види дека не изгледа како да е под вода и дека тоа требало да го направат многу подобро со помош на специјални ефекти.

Друга работа е самиот трејлер, за кој луѓето мислат дека е благ и досаден и воопшто не ги заинтересирува да го гледаат филмот. Со што треба да се согласиме.

И, се разбира, третата работа што некои луѓе ја сметаат за проблематична е тоа што Ариел не е бела и нема доволно црвена коса. Не изгледа доволно како оригиналната Ариел. Покрај сето тоа, луѓето се потсмеваат во коментарите и секој коментар под трејлерот започнува со „Делот каде што вели Ариел“, а потоа се шегуваат и додаваат дека тоа ги воодушевило и ги расплакало. Не знаеме точно од каде и зошто дојде оваа шега, но некој ја започна, други продолжија и сега сите на овој начин го исмејуваат филмот.

ВИДЕО:


извор:teen385

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: