Дизни принцеза, суперхерој, митско животно, но и копија на дуото од „Брилијантин“: Во што се маскирааа децата на познатите Македонци?

Дизни принцеза, суперхерој, митско животно, но и копија на дуото од „Брилијантин“: Во што се маскирааа децата на познатите Македонци?

Објавена во: Совети // Семејство

Втора година по ред како Денот на шегата - 1 април, некако остана недоволно обележан. Втора година како плоштадите во градовите ширум земјата се празни и неисполнети од детскиот џагор. Втора година како најмладите не се натпреваруваат во тоа кој ќе има поубава маска, а богами и повозрасните, кои во доцните часови под маски одеа на разни забави.

Пандемијата некако си го направи своето, но некои родители не им го ускратија ова задоволство на своите најмили и им подготвија првоаприлски маски. Дел од нив беа и познатите личности од Македонија, кои навистина се имаа потрудено да им ги исполнат желбите на своите наследници.

Кои сѐ познати родители го прославија Денот на шегата со своите деца, погледнете во продолжение:

# Илина - ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски

Наследничката на познатата пејачка Сара Костадиновска и водителот Димитар Атановски оваа година беше маскирана во еднорог. Мама Сара, тоа го изведе на навистина „фенси“ начин.

# Дениција - ќерката на Анастасија Деа и Богдан Илиевски

Ќерката на оваа позната двојка не беше сама под маска. Во ова друштво ѝ правеше гордата мајка, која заедно со Дениција беа маскирани во преслатка копија на дуото од „Брилијантин“.

# Хана - ќерката на Тамара Тодевска и Александар Димитровски - Мачка

Сега, Хана има свој Инстаграм профил, па фотките од ваквите важни настани може да ги видите на нејзиниот профил кој го води нејзината мајка, пејачката Тамара Тодевска. Оваа година, Хана очигледно посакала да биде Дизни принцеза, а за Тамара и Мачка тоа не претставувало голем проблем, па така својата прва радост ја маскираа во принцезата Елса.

# Михаел - синот на Елена Петреска и Андреј

Наследникот на пејачката Елена Петреска оваа година беше маскиран во суперхерој. Човекот пајак или попознат како Спајдермен беше ликот во кој се маскираше Михаел.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: