Дизни со римејк на омилениот цртан филм „Lilo & Stitch“: Актерската екипа не доби одобрување од обожавателите

Дизни со римејк на омилениот цртан филм „Lilo & Stitch“: Актерската екипа не доби одобрување од обожавателите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Објавата на актерската екипа која треба да биде дел од филмот „Lilo & Stitch“,  предизвика негодување на социјалните мрежи, а Дизни се соочува со слични критики како и во случајот со кастингот на Хали Бејли за улогата на Малата сирена.

По коментарите на социјалните мрежи дека Хали е „претемна“ за улогата на Ариел, избраната актерка за овој филм пак е „премногу бела“.

Имено, 22-годишната Сиднеј Агудонг е избрана за улогата на Нани (како постара сестра на главниот лик Лило). Бидејќи анимираниот лик од 2002 година е со потемна кожа, обожавателите го критикуваа кастингот на Сиднеј. Тие побараа глумат актери од домородното хавајско потекло со потемна кожа во филмот за тој да изгледа што е можно поверодостојно.

Љубителите на филмот се присетија како Дизни го направи истото и со кастингот на Наоми Скот за улогата на Јасмин во филмот Аладин, бидејќи тогаш повторно бела жена беше избрана за арапска принцеза. На интернет се зборува за т.н „Whitewashing“, што означува ситуација во која нешто се менува на начин што ги фаворизира или им служи на белите луѓе, а тоа најмногу се гледа во холивудските филмови и серии каде припадниците на белата раса играат улоги што треба да им се доделат на припадници на друга раса. Оваа критика може да се слушне најчесто меѓу членовите на афро-американската заедница.

- Леле, сите лицемери во коментарите беа лути поради тоа што таа (Сиднеј) не е доволно мрачна, но добро им беше со тоа што Ариел е црна, се вели во еден од коментарите.

Дали хаштагот #notmynani ќе се прошири низ социјалните мрежи, како по примерот на хаштагот #notmyariel создаден од сите оние кои не можат да ја замислат Хали Бејли во улогата на Ариел - останува да видиме.

Снимањето сè уште не е започнато, а веќе се крена толкава прашина. Но, според податоците на ИМДБ, акциониот филм би можеле да го видиме во кината веќе во мај следната година.


Фото:  imdb/Screenshot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: