Дизни соопшти тажни вести: Почина Мини Маус
Актерката Руси Тејлор, која е повеќе од 30 години го позајмуваше гласот на хероината на Дизни Мини Маус, почина на 75 години.
Веста за нејзината смрт ја објави компанијата „Волт Дизни“ и наведе дека Тејлор починала во Глендејл во Калифорнија во петокот.
Роси Тејлор е родена во Кембриџ во Масечусец на 4 мај 1944 година, а има кажано дека го запознала Волт Дизни кој прв го позајмуваше гласот на Мики и Мини, кога го посетила Дизнилент како девојче.
Избрана е помеѓу 200 кандидати да га ја игра Мини на аудицијата во 1986 година и го позајмувала својот глас на хероината во анимираните филмови и ТВ серии, филмови и атракции во паркови.
Исто така нејзиниот глас може да се чуе и на Симпсонови, како и во долгометражниот филм „Малата сирена“.
Во 1991 година се омажила за Вејн Алвајн, кој инаку го позајмуваше гласот на Мики Маус.