ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за денес
ОВЕН
Поволен ден за сите оние кои планирале да започнат нешто. Комуникацијата со партнерот е многу отворена и директна. Некои проблеми може лесно да се решат.
БИК
Се одложува долгоочекуваната соработка. Време е да ги промените вашите приоритети. Повлечени сте во себе. Тешко ви е да ги покажете емоциите на вистински начин. Тежок ден полн со нервоза, напнатост. Вашите реакции се многу импулсивни.
БЛИЗНАЦИ
Благодарение на добрата организација што ја имате, ќе успеете да надминете некои пречки и доцнења. Партнерот очекува од вас да преземете иницијатива и да покажете во која насока ќе одите понатаму.
РАК
Не си поставувајте премногу високи цели за кои сте свесни дека не можете да ги исполните. Иако сте дале се од себе за да му угодите на партнерот, тој од вас бара повеќе слобода и простор.
ЛАВ
Нагласена е потребата од одредена доминација и докажување, сакате повторно да бидете први во се. Се стремите кон драстични промени во животот и размислувате да продолжите понатаму.
ДЕВИЦА
Новиот проект што го имавте на ум отиде во сосема погрешна, поинаква насока. Тоа ве депримира. Имате добар однос со саканата личност, комуникацијата е искрена. Обидете се да најдете повеќе време за одмор.