ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак го мачат дилеми во љубовта
Вага
Може да очекувате дека денес ќе имате позитивни околности и дека среќата ќе биде на ваша страна. Ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале и полека смислувате начини како да ѝ се приближите.
Шкорпија
Ќе бидете многу напнати и нервозни што може негативно да се одрази на околината. Кога е во прашање љубовта, пред вас е фаза во која се можни некои поголеми дилеми и недоумници.
Стрелец
Ситуацијата не ви е стабилна и тешко ви е да се помирите со тоа. Ве очекува неповолен период за промени. Ве очекува фаза на одалечување од саканата личност. Можно е на некој начин да се плашите дека ќе дојде до прекинување на врската.
Јарец
Ве очекува можност за работа која ќе ви донесе напредување во кариерата. Посветете се на своите цели. Интересно познанство е пред вас. Може да очекувате позитивни околности на ова поле.
Водолија
Ве очекува мала криза. Денешниот ден генерално не е поволен за вас. Љубоморни сте и ве оптеретува сомнежот кој го имате во партнерот. Наредниот период ви носи компликации во врската.
Риби
Ве очекуваат драстични промени. Многу работи сега се менуваат и несигурни сте во својата иднина. Доколку имате партнер, ќе успеете да остварите поволен однос во наредниот период.