ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак го очекува ден што долго ќе го памети
Овен
Еден пријател ве нервира и ќе влезете во директен конфликт со него. Двајцата сте тврдоглави и во расправата ќе нема победник. Размислувате за врска. Имате впечаток дека партнерот не е фокусиран на вашата љубов.
Бик
Аналитични сте, организирани, посветени на деталите и постигнувате успех. Случајно на забава ќе сретнете личност која ќе остави позитивен впечаток на вас и истата ќе сакате да видите повторно.
Близнаци
Ве радува приливот на пари. Ќе запознаете личност кога ќе ви делува мистериозно, затворено, но прилично еротично.
Рак
Расположени сте за да ги завршите обврските и да ги надминете проблемите со помош на пријателите. Свесни сте дека го запоставивте партнерот, па денес ќе му посветите повеќе внимание отколку вообичаено.
Лав
Ќе добиете нова понуда. Од принцип нема веднаш да прифатите, иако сте прилично задоволни со истата. Ви претстои ново познанство со интровертна личност, па нема да бидете сигурни како впечаток сте оставиле.
Девица
Незадоволни сте со ситуацијата во која се наоѓате и сметате дека вашиот труд не се цени. Ќе запознаете личност која ќе ви делува интересно, но затворено. Не ѝ покажувајте во која мера ви се допаѓа.