ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе биде незадоволен од врската
Овен
Имате одлична комуникација со пријателите, но за нешто сте незадоволни. Заљубени сте и вашиот поглед на партнерот и врската е прилично оптимистичен и идеализиран.
Бик
Расположени сте за дружење и имате преголеми очекувања. Не успевате да воспоставите опуштена комуникација со симпатијата, па разговорот делува официјално.
Близнаци
Демотивирани сте. Семејството ви дава поддршка за решавање на проблемите. Имате впечаток дека партнерот е прилично демотивиран, па се обидувате да му го поправите рапосложението.
Рак
Ве загрижува недостатокот на пари. Емотивно сте незадоволни. Би сакале да правите многу работи со партнерот, но едноставно вашата врска не напредува.
Лав
Имате детално испланирани планови, но доцните со реализацијата. Прилично сте друштвени, но не успевате да запознаете личност која сериозно би ве заинтересирала.
Девица
Со семејството повторно ќе разговарате за истите теми. Ни овој пат нема да имате напредок и договор. Ниту ве интересира некој, ниту се обидувате да го промените емотивниот статус.