ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе ја воодушеви симпатијата
Овен
Ве очекува поддршка која може да биде од морален тип. Ви се допаѓа личност која е во странство. Сметате дека далечината не е никаков проблем, додека другата страна не е сигурна по тоа прашање.
Бик
Имате проблеми со семејството, кое не е задоволно од вашите постигнати резултати. Задоволни сте од емотивното поле. Тоа е единствената област во која се чувствувате добро и опуштено.
Близнаци
Прилично сте упорни, фокусирани и сугестивни. Во фаза сте на подобро запознавање со симпатијата. Сакате да дознаете сѐ за неа, додека за себе откривате многу малку.
Рак
Одличен ден за комуникација, но и за решавање на проблеми. Доколку сте во врска, се прашувате дали партнерот има тајна комуникација со некоја друга личност.
Лав
Фокусирајте се на самостојните, тековни обврски. Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви делува прилично затворено, мистично и еротично.
Девица
Незадоволни сте од односите со пријателите. Емотивно сте задоволни. Партнерот е силна личност и е во потполност посветен на вашиот однос.