ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе се препушти на флеротот
Овен
Вложувате премногу енергија во обрските. Нетрпеливи сте и сакате што побрзо да ги дознаете резултатите од вашиот труд. Ве очекува ново познанство, но не сте воодушевени. Другата страна ви делува премногу неартикулирано за ваш вкус.
Бик
Ве очекува кратко патување и одлично ќе си поминете. Партнерот е премногу ладен кон вас. Уживате во необврзувачкиот флерт и повторно се чувствувате живо.
Близнаци
Имате одредени проблеми, но се потпирате на интуицијата при решавањето на истите. Партнерот е загрижен. Длабоко во себе ги имате истите грижи како него, но официјално го тешите дека не е сѐ така лошо.
Рак
Нерасположени сте поради ситуацијата во која се наоѓате. Проблеми има многу, но не е невозможно да се решат во краток временски период. Незадоволни сте од врската. Партнерот не го забележува недостатокот на емотивен полет кај вас и има илузика дека сѐ е во ред.
Лав
Некои обврски ви одат од рака, а некои се во фаза на стагнација. Ви се допаѓа некој близок пријател. Не сте сигурни за неговиот емотивен статус, па дискретно се распрашувате.
Девица
Одличен ден за почеток на ново пријателство. Партнерот инсистира да се видите, додека вие сте во недоумница поради обврските. Љубовта ќе победи и ќе уживате покрај вашиот партнер.