ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак не е сигурен за тоа што сака партнерот од него

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак не е сигурен за тоа што сака партнерот од него

Овен

Денес бурно реагирате и затоа може да си направите проблеми кои во поинакви ситуации не би ги имале. Во односот со партнерот може да има заладување и некои проблеми кои ве оптеретуваат.

Бик

Пред вас е поволен ден во кој може да активирате многу нови можности. Денот е поволен и за решавање на дилемите на љубовно поле.

Близнаци

Можно е моментално да не сте задоволни од ситуацијата во која се наоѓате. Многу работи ве загрижуваат. На некој начин сте збунети од ситуацијата која ја имате на љубовно поле, бидејќи повеќе не знаете што сака партнерот од вас.

Рак

По драстичните промени кои ги имавте во претходниот период сега настапува фаза во која ќе бидете многу помирни. Ќе бидете среќни со личноста која сакате. Вашата врска може да напредува во добра насока.

Лав

Немојте да се залетувате. Можни се пресврти во следниот период. Доколку сте во врска, следува криза помеѓу вас и партнерот поради обостраната тврдоглавост.

Девица

Не сте сигурни какви одлуки треба да донесете. Можно е да постојат ситуации околу кои сериозно се двоумите. Ќе запознаете интересна личност која ќе покаже дека е подготвена да оди чекор напред со вас.

nexpage

Вага

Пред вас е фаза која ви носи мир. Не би требало да очекувате проблеми. Односот со саканата личност ви е многу променлив во овој период и не сте задоволни поради тоа. 

Шкорпија

Компликациите може да се редат една по друга и поради тоа не сте задоволни. Разочарани сте од саканата личност која ви покажува дека не е посветена во онаа мера во која се надевавте дека ќе биде.

Стрелец

Немојте да брзате премногу кога се во прашање одлуките, бидејќи лесно може да се случи да донесете погрешна одлука. Иако мислевте дека сте ја заборавиле старата љубов полека сфаќате дека помеѓу вас сепак постојат чувства.

Јарец

Во наредниот период може да очекувате помали пормени на полето на финансии. Важно е да правите планови за иднината. Иако умеете да имате прилично многу барања на љубовно поле, сега најдовте партнер кој совршено ви одговара.

Водолија

Можно е да треба да донесете важни одлуки во следниот период и тоа ве оптеретува. Оддалеченоста која постои помеѓу вас и саканата личност би можела да ви падне прилично тешко во наредниот период.

Риби

Доколку планирате да патувате наскоро, би можело да дојде до тоа плановите да се променат. Ви се допаѓа личност која ви е блиска од минатото. Ви следува период на промени во љубовта.


Можеби ќе ве интересира: