ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак упорно размислува на неверство
Овен
Можни се проблеми во комуникацијата со блиски пријатели. Сега не е време за тоа. Доколку сте во емотивна врска, потребно е да покажете малку повеќе толеранција.
Бик
Проблемите ви се насобираат, но вие и понатаму ништо не преземате за да ги решите. Добро се забавувате и убаво ви е покрај сегашниот партнер. Немојте да размислувате за авантури.
Близнаци
Немате доволно храбост да се соочите со проблемите. Морате да бидете посилни и поодлучни. Нека проблемите на семеен план не ви влијаат на љубовниот живот. Имате многу недоумници.
Рак
Го давате својот максимум на секое поле и доаѓате до позитивни решенија со кои сте задоволни. Саканата аличност ви замерува дека ја имате запоставено поради обврските. Потрудете се некако да најдете време за неа.
Лав
Имате страв од тоа дека некој се обидува да ви ја преземе позицијата. Поработете дополнително на своите интереси. Очекувајте убави вести од саканата личност. Можно е да бидете задоволни со случувањата.
Девица
Се двоумите помеѓу две различни понуди. Препораката е да ја одберете онаа која ве прави посреќни. Партнерот во последно време се чувствува запоставено, како сите други луѓе да ги ставате пред него.