ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Љубомората може да влијае на хармонијата во врската
Овен
Се обидувате да ги убедите пријателите во исправноста на своите идеи. Се трудите да оставите поволен впечаток на симпатијата па ги преувеличувате работите што и другата страна ги забележува.
Бик
Прилично сте организирани, оптимистични и одговорни. Неискрени сте кон партнерот. Се правдате дека имате некои неодложни обврски, додека имате тајна комуникација и средба.
Близнаци
Член од семејството ќе побара совет од вас за тоа каква одлука да донесе. Врската не ви е во криза, иако и двајцата сте неискрени еден кон друг. Така полесно го одржувате мирот.
Рак
Не сте задоволни од односите со пријателите. Имате впечаток дека нешто кријат од вас и дека се неискрени. Презадоволни сте со врската и сакате вашиот однос да остане вечно ваков. Прилично сте љубоморни, но го криете тоа.
Лав
Ве очекуваат потешкотии во следниот период и тешко ќе ви биде да ги решите. Ве очекува и ново познанство. Другата страна ќе ви остави впечаток на прилично затворена, но добра личност.
Девица
Прилично сте загрижени и фрустрирани поради лошата ситуација во која се наоѓате веќе некое време. Задоволни сте од врската, но неопуштени сте поради проблемите кои ги имате. Партнерот ви нуди поддршка и се обидува да ве опушти.