ДНЕВЕН ХОРОСКОП: На еден знак ќе му годи самотијата
Овен
Имате впечаток дека многу сте грешеле при донесувањето на одлуки во минатото. Време е да ги поправите некои работи. Со личноста која ви се допаѓа имате променлив однос кој ви влева чувство на несигурност.
Бик
За време на денешниот ден бидете внимателни, бидејќи многу лесно може да дојде до некои нови грешки. Партнерот се обидува да ви покаже дека се труди за вашата врска сериозно да напредува.
Близнаци
Можно е да сте соочени со големи промени на кои не ви е лесно да се навикнете. Засега не сте насочени кон случувањата на љубовно поле. Ви годи да бидете малку сами.
Рак
Може да очекувате ден кој ќе ви биде од големо значење. Ќе донесете некои важни одлуки. Доколку сте слободни, ве очекува можност за ново познанство.
Лав
Ве очекува период во кој во голема мера ќе бидете насочени кон нови промени. Ве очекува бурна ситуација во комуникацијата со саканата личност. Можно е да не сте искрени еден кон друг.
Девица
Ве очекува кратко патување кое може да се покаже како значајно. Занесени сте со новите познанства и имате впечаток дека на љубовно поле имате можност да бирате.