ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Неколку знаци ќе уживаат покрај саканата личност
Овен
Многу сте незадоволни и загрижени за финансиите. Со своето однесување само уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност.
Бик
Незадоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате, а сето тоа е поради изненадните проблеми и трошоци кои следуваа. Не е поволен ден за нова врска, би можеле да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време.
Близнаци
Сѐ уште не сте задоволни од ситуацијата во која се наоѓате. Како ништо да не оди во склоп со вашите очекувања. Терате инает. Ниту вие, ниту партнерот не е подготвен да попушти. Немојте да претерувате.
Рак
Внимавајте како ги одбирате новите пријатели за подоцна да не се каете. Во тоа потребни ви се трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој кој би ја променил таа атмосфера.
Лав
На полето на финансии нема место за нови грешки. Можна е шанса за изненадни приливи. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете подготвени и на жртва.
Девица
Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случија. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки.