ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Одличен ден за запознавање на нова личност
Овен
Работите не се одвиваат на најдобар начин, присутни се препреки, а има и нервози. Заљубените Овни размислуваат за да ја кренат врската еден чекор погоре. Имаат впечаток дека тоа и не е така лоша идеја, но не споменуваат ништо пред другата страна.
Бик
Ве очекува разговор со член од семејството. Правите договор со него. Сосема случајно, преку пријатели ќе запознаете личност која ќе остави позитивен впечаток на вас. Планирате да дознаете повеќе детали за неа.
Близнаци
Ве очекува сериозен разговор. Додека се сомневате во вашите способности, другите се убедени за вашиот успех. Одличен ден за ново познанство. Другата страна ќе ве заинтригирана, на еден мистичен и еротичен начин.
Рак
Ве очекува прилив на пари. Незадоволни сте од односот во врската. Имате впечаток дека партнерот се има одалечено од вас и немате за што да разговарате.
Лав
Се обидувате да ги решите проблемите. Тоа што не успевате во тоа, ве мотивира да бидете уште поупорни. Ѝ се допаѓате на личност која не знае како да ви пријде. Се плаши дека може да ја откачите веднаш.
Девица
Ви пречат добронамерните совети од вашите пријатели. Незадоволни сте со статусот „сингл“. Се обидувате преку социјалните мрежи да запознаете некој интересен.