ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Петок носи недоверба за еден знак, за друг љубовни дилеми

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Петок носи недоверба за еден знак, за друг љубовни дилеми

Овен

Вашите постапки доволно говорат за работите или личностите кои не ви се допаѓаат. Имате лошо претчувство во врска со една личност.

Бик

Ви недостасува нечие внимание или присуство, а на партнерот волја да ви се приближи. Понекогаш ништо не е едноставно.

Близнаци

Понекогаш работите ги следите од „розев агол“, што носи нова заблуда. Емотивните проблеми нема да се решат самите по себе. Нечии зборови ќе ви делуваат интригантно.

Рак

Бидете великодушни кон саканата личност. Понекогаш милата насмевка и благите емотивни тонови ви носат подобар ефект. Не ги отфрлувајте корисните совети.

Лав

Делувате разиграно пред саканата личност. Имате впечаток дека на партнерот му недостасува инспирација, храброст или искреност. Избегнувајте различни видови на уцени.

Девица

Дозволете му на партнерот да донесе одлука во заедничко име. Морате да имате доволно доверба во блиска личност. Не верувајте во нови информации и нечија приказна.

Вага

Потрудете се да го почитувате договорот кој го имате со партнерот. Обрнете внимание на „важните ситници“ кои откриваат нечии намери. Важно е да го подобрите вашиот рејтинг во друштвото.

Шкорпија

Важно е да го направите она што го чувствувате, тоа ќе ви донесе големо исчекување. Нема причина да бирате улога која не ви одговара. Делувате нетрпеливо.

Стрелец

Одеднаш се соочувате со иритантна ситуација, нечиј гест ви делува како погрешен емотивен сигнал. Непотребно се оддалечувате од саканата личност. Гордоста може да ве наведе на погрешен заклучок.

Јарец

Ви годи нечие присуство. Бидете подискретни на средбите кои изобилуваат со силни емоции или прикриени страсти. Чувствувате стагнација или потреба да се растеретите од обврски.

Водолија

Не му дозволувате претерана доза на самоволие на партнерот. Доколку ви недостасува добра волја или концентрација, препуштете им се на пријателите, тие ќе ви помогнат да ги наполните батериите.

Риби

Доколку ве мачат љубовни дилеми, размислите што е вистинската причина за вашата несигурност. Немојте однапред да го обвинувате партнерот. Се е во ваши раце, но мора да изреагирате во вистинскиот момент.

Можеби ќе ве интересира: