Дневен хороскоп: Почетокот на работната недела носи лоши промени во љубовта за еден знак
ОВЕН
Воспоставувате комуникација со странски потенцијални соработници. Интуицијата ви кажува дека ќе можете да постигнете заеднички договор за соработка. Имате впечаток дека вашиот партнер се двоуми за вашата врска.
БИК
Соработката со колегите е незадоволителна. Не успевате да постигнете договори за некои дневни, тековни обврски, а камоли за заеднички проект. Вие сте задоволни од врската и уживате во блискоста со партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Создавате нови деловни планови. Вие сте доста амбициозни, но и реални, па знаете што и колку можете да направите. Вие сте многу посесивни, љубоморни и сакате да го контролирате вашиот партнер.
РАК
Малку сте обесхрабрени од слабите деловни резултати. Како и да е, вие пристапувате на своите обврски на најодговорен начин. Имате впечаток дека постоело растојание од партнерот и заладување на врската.