ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Понеделник носи нов предизвик за еден знак
Овен
Понеделнички ќе дојдете до непријатни откритија, но така е подобро за вас, бидејќи конечно ќе знаете на што сте.
Бик
Ви се чини дека се во животот ви е надвор од контрола, но смирете се овие денови и соберете сила. Наскоро работите ќе се стабилизираат.
Близнаци
Време е да зачекорите во нова фаза и ќе морате да затворите една врата за да отворите нова. Ќе бидете уплашени, но нема причина за грижа, одлично ќе се снајдете.
Рак
Понеделник нема да биде добар ден за вас, тензиите од училиште никако не носете ги дома. Негативната енергија се шири многу побрзо од позитивната.
Лав
Понеделнички ќе ја привлекувате околината со својот шарм и безстрашност, па не е исклучено да ви подготвува некоја авантура која потполно ќе ви го промени погледот кон светот.
Девица
Изгледа дека ништо не ви оди од рака. Потсетете се дека може да постигнете се што ќе сакате, дури кога ви се чини дека ништо не ви оди.
Вага
Мрачното расположение е позади вас и подготвени сте да пуштите нови луѓе во својот живот. Почетокот на неделава носи позитивни вибрации за вас.
Шкорпија
Денес ќе се најдете очи во очи со самите себе. Ќе си поставувате прашања на кои немате одговор, иако во прва рака ќе бидете уплашени.
Стрелец
Почетокот на неделава, се ќе ви оди како подмачкано. Само продолжете да бидете љубезни, пријатни и услужливи и добрите работи сами ќе ви доаѓаат.
Јарец
Денес ве чека нов предизвик, но се ќе се реши во ваша корист. Прекрасна работна недела е пред вас.
Водолија
Неделава посветете се на семејството и пријателите. Тоа ќе ви ја врати насмевката на лицето која веќе долго време ви недостасува.
Риби
Понеделнички ќе бидете навистина зафатени, започнете веднаш да ги завршувате обврските, за да можете да ги завршите навреме. Не забушавајте.