ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Рибата посакува самотија, Скорпијата ја очекува напорен ден!
ОВЕН
Ве очекува ден во кој ќе имате многу дилеми. Важно е добро да анализирате. Се заљубивте во личност која е многу различна од вас.
БИК
Може да очекувате дека ќе добиете нови идеи кои ќе ви бидат многу значајни за вашето друштво. Ви се допаѓа личност која живее далеку и полека се впуштате во врска на далечина.
БЛИЗНАЦИ
Обидете се да се посветите на себе си. Важно е да бидете подготвени да избегнете кавги со родителите. Интересно познанство ве очекува денес.
РАК
Денес потрудете се да се организирате што подобро можете. Пред вас е период во кој односот помеѓу вас и саканата личност ќе биде заладен.
ЛАВ
Денес ќе бидете искрени кон својот партнер и од него барате исто така да покаже дека е подготвен да ви се отвори. Ви одговара хоби поврзано со спорт.
ДЕВИЦА
Пред вас е шанса да го зголемите кругот на пријатели. Може да очекувате дека нема да бидете задоволни со љубовниот живот. Започнувате да ги гледате маани на парнерот.
ВАГА
Можеби наскоро ќе мора да пресечете и да донесете конечна одлука кога станува збор за одморот. На љубово поле ве очекува фаза на несигурности, ни сами не знаете какви емоции се присутни во вас.
СКОРПИЈА
Може да очекувате дека денес ќе имате многу обврски и дека ова ќе биде прилично напорен ден за вас. Пред вас е ново познанство кое ќе внесе среќа и радост во вашиот живот.
СТРЕЛЕЦ
Склони сте кон некои промени во плановите, а тоа денес ќе ги нервира вашите пријатели. Се чувствувате многу осамено и потребна ви е нова љубов.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате остварување на вашите планови и амбиции. Потрудете се да бидете упорни во своите намери. Нова симпатија е на повидок, уживајте во флертот.
ВОДОЛИЈА
Денес може да очекувате дека конечно ќе ви се насмевне среќата. Ве очекува мирен и хармоничен период со саканата личност.
РИБИ
Не сте подготвени за нова врска. Постои личност која не сте ја преболеле и на која сѐ уште мислите. Денес најдобро ќе се чувствувате дома, со своето семејство.