Дневен хороскоп: Слободните Риби можат да ја обноват врската со поранешниот партнер
Овен
Работа: Ситуацијата е нестабилна на деловен план и мора да научите да се справувате со неа во текот на целата втора половина на февруари. Неочекувани финансиски трошоци.
Љубов: Овој ден е идеален за сериозен разговор со партнерот. Денес лесно можете да ги решите и оние стари проблеми меѓу вас.
Здравје: стабилно.
Бик
Работа: Предизвикот на овој ден е во вашата деловна комуникација. Постои голема можност за конфликт на ставови или интереси.
Љубов: Имате чувство дека е создадена одредена дистанца помеѓу вас и вашиот партнер. Најдобар начин да го надминете ова е да имате отворен разговор.
Здравје: Чувствителност на грлото.
Близнаци
Работа: Незадоволни сте на работа бидејќи чувствувате дека сте ги презеле туѓите обврски. Односот со соработник ви оди надолу.
Љубов: Чувството на дистанца меѓу вас и партнерот изгледа се продлабочува. Слободните Близнаци ги чека љубовна авантура со една Шкорпија.
Здравје: Нервоза.
Рак
Работа: Доколку имате некои правни проблеми, ќе можете да ги решите дури на крајот на февруари. Овој ден носи предизвик во соработка со проблематичен соработник.
Љубов: Доколку долго време сте незадоволни од вашата врска, овој ден може да ја донесе конечната одлука за раскинување .
Здравје: Проблеми со исхраната.