ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Среда полна со нервози за еден знак
Овен
Подобрување на финансиите. Не се чувствувате сакано и започнувате кавга со партнерот. Наместо мирно да ги решите проблемите само ги влошувате.
Бик
Договорот на кој сметавте ќе се пролонгира. Се прашувате што стои зад тоа. Не сте отворени во потполност кон партнерот, како ни тој кон вас. Се правите дека се е во ред.
Близанци
Стагнација. Сметате дека нервозите никогаш нема да завршат. Партнерот ве повикува на состанок, но вие одбивате бидејќи не ви годи неговото нерасположение.
Рак
Односот со пријател во кој вложувавте многу ќе се расипе. Нерасполжени сте и одбивате да се видите со партнерот. Не сакате никој да ви го дорасипува расположението.
Лав
Никако не се откажувате. Свесни сте дека напорната работа секогаш носи резултати. Постојано сте на социјалните мрежи со надеж дека ќе запознаете некоја интересна личност. Токму тоа денес ќе се случи.