ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Стартот на неделата носи нови авантури за овие хороскопски знаци
Овен
Не е поволен ден за вас, бидејќи нема да може да ги остварите своите планови. Потрудете се тоа да не ве фрустрира премногу. Очекувате средба со саканата личност и имате желба да остварите подобар однос со неа.
Бик
Може да очекувате сосема добар почеток на неделата. Среќата е на ваша страна и сѐ ќе биде во ред. Денес може да ви се случи интересно познанство. Можеби се работи за личност од блиското опкружување.
Близнаци
Ве очекуваат промени. Ќе бидете задоволни иако на почетокот ќе бидете малку збунети. Ве очекува и шанса да ја дефинирате ситуацијата со саканата личност и да си покажете што чувствувате еден за друг.
Рак
Може да очекувате околностите дома да бидат генерално поволни. Пред вас е добар ден. И понатаму не сте подготвени за сериозна врска. Личноста која ве сака одлучена е да биде со вас.
Лав
Првиот ден од работната недела можеби ќе успеете да ги решите сите проблеми со семејството без да си замерите премногу. Но, поради вашата суета ќе имате многу потешкотии во емотивниот однос.
Девица
Пред вас е ден поволен за промени. Подготвени сте да и се посветите на саканата личност и со неа да градите стабилна иднина.
Вага
Имате многу обврски заради што нема да успеете да се одморите. Во врската ви е здодевно и сакате промени. Не сте навикнати на самотија и тоа ви пречи.
Скорпија
Не би требало да се грижите околу случувањата на друштвено поле, сите околности на крај може да се свртат во ваша корист. Доколку сте слободни, пред вас е период во кој е можен почеток на нова врска.
Стрелец
Може да очекувате дека ќе успеете да ја стабилизирате својата ситуација во домот и кавгите да ги доведете на минимум. Подготвени сте за добра комуникација со саканата личност.
Јарец
Пред вас е поволен ден за забави, иако е само почеток на работната недела. Подготвени сте отворено да разговарате со симпатијата и да ѝ дадете до знаење дека имате емоции кон неа.
Водолија
Решението на проблемот на друштвено поле може да е во ваши раце. Потрудете се да го дадете својот максимум да ги смирите скараните пријатели. Емоциите кои ги имате кон партнерот може да бидат променливи.
Риби
Иако не е сѐ онака како што сакате, на крај ситуацијата може да се сврти во ваша корист. Неодлучни сте и ви се чини дека партнерот со кој сте моментално нема уште долго време да биде покрај вас.